На третиот ден на зимските олимписки игри во Пекинг беа доделени медали во седум спорта. По три дена Швеѓаните го презедоа првото место на табелата за медали благодарение на Сара Хектор во велеслалом која го донесе третиот златен медал на оваа земја. Втора е Русија која има најмногу медали (седум) досега, но само две злата, а трета е Холандија исто така со две златни медали.
Беат Фојц е првиот лауреат во алпско скијање откако стигна до најсјајното одличје во спуст трката. Кај дамите Швеѓанката Сара Хектор победи во велеслалом. Во индивидуал трката во бијатлон Германката Херман се радуваше на златниот медал. Во брзо лизгање легендарната Холанѓанка, Ирене Вурст испиша историја откако на петти олимписки игри стигна до нависокото место на подиумот.
Русите беа најдобри во тимското натпреварување во уметничко лизгање, додека Италијанката Фонтана и Кинезот Живен Реј беа најбрзи во брзо лизгање на кратки патеки. Словенечката микс репрезентација доминираше во ски-скоковите, додека во сноубординг златниот медал му припадна на Канаѓанецот Макс Перот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА