РАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИ – ВТОР ДЕН: Шведска се израмни на врвот со Норвешка

Во шест дисциплини беа доделени медали и на вториот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пекинг. Откако беше одложен спустот во машка конкуренција во алпско скијање, одличја се доделија во крос-кантри, ски-скокови, брзо лизгање, слободно скијање, санкање и сноуборд.

Шведска и се приклучи на Норвешка на врвот на листата со две освоени злата откако денеска второто најсјајно одличје го донесе Нилс ван дер Пул во брзо лизгање. Првиот златен медал денеска го освои Русија, преку Болшунов во крос-кантри.

Јапонците исто така стигнаа до златен медал откако Кобајаши триумфираше на малата скокалница во ски-скокови. Најсјајни одличја на вториот ден освоија и Германецот Лудвиг во санкање, австралијката Ентони во слободно скијање, како и Новозеланѓанката Садовски, што воедно беше и прв златен медал за оваа земја во историјата на зимските игри.

 

Се вчитува...