Распродадени билетите за финалето на СП во Русија

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека веќе се распродадени билетите за два натпревари на Светското првенство во Русија, во пресрет на новата фаза од продажбата. Се работи за финалето на Светското првенство кое ќе се одигра на 15.јули на стадионот „Лужники“ во Москва, како и за првиот меч на турнирот, на 16.јуни меѓу Аргентина и Исланд.

ФИФА наведува дека од септември определила 1.303.616 билети и изрази задоволство од досегашната продажба, на 94 дена до стартот на мундијалот. Исто така, навивачите ги потсети дека според барањето на руските власти, секој навивач ќе мора да има навивачка лична карта и тоа ќе биде официјален документ за идентификација.

Се вчитува...