Распродажба во Баерн Минхен: Нема загарантирано место за 13 фудбалери

По сезоната за заборав во која по долго време не беше освоен ниту еден трофеј Баерн Минхен се подготвува за подобри денови. За тоа веќе беа ангажирани Олисе, Палињо и Ито, но по нивното пристигнување во Минхен следат заминувања од тимот.

Според германските медиуми дури 13 фудбалери немаат загарантирано место во соблекуваланта за следната сезона, но нема сите да го напуштат клубот туку само дел од нив.

За своето место во тимот стравуваат крилата Коман, Гнабри и Зарагоза, играчите за врска Горецка, Кимих и Лајмер, стоперите Де Лихт, Дајер, Мин-џае и Упамекано, како и бековите Мазрауи, Дејвис и Боеј.

Очекувањата се дека клубот ќе го напуштат барем две крила, еден играч за врска, два стопери и некој од бековите.

Се вчитува...