Раул Гонзалес многу добро знае што сака за Македонија, од натпревар во натпревар да игра се подобро – работа, работа и само работа, како на тренинзите, така и на средбите што им претстојат на нашите ракометари. Затоа, селекторот со нетрпение ја дочека оваа ЕХФ-седмица за да ги пренесе своите идеи на репрезентативците, на два месеци пред двомечот од баражот за СП против Романија.
Репрезентацијата ќе биде комплетирана утре со приклучувањето на Кире Лазаров и Борко Ристовски, како и она на младиот Серафимов, кој ќе се приклучи на сениорскиот состав по серијата одлични настапи за кадетската репрезентација на турнирот во Унгарија.
Раул најавува дека и помладите ќе добијат шанса на саботната контрола со Русија, се со цел за формирање на поголем фонд на играчи и силен колектив. Сепак, најпрвин ќе следат тренинзи на кои помладите ќе треба да се наметнат кај селекторот и да покажат дека заслужуваат да станат дел и од најдоброто од македонскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА