Растат тензиите во Милан – Малдини влегол во конфликт со сопствениците

Во Милано денеска е одржан итен состанок помеѓу сопственикот на Милан, Гери Кардинале и директорот Паоло Малдини кој не поминал добро, пренесуваат италијанските медиуми.

Двајцата имаат различна визија за иднината на Милан и овие тензии постојат веќе подолго време. Легендата на Милан во минатото не го криеше незадоволството од недоволните финансии за трансфери и упати повик кон сопствениците да вложат повеќе средства за тимот да биде конкурентен не само во Италија, туку и во Европа.

Недоверба постои и кај самиот Кардинале кој е незадоволен од лошиот трансфер на Чарлс де Кателар за кој беа вложени 35 милиони евра, а не успеа да постигне ниту еден гол сезонава.

Се вчитува...