Расте незадоволството: Бензема лут поради неочекувана одлука на Анчелоти

Карим Бензема беше неприметен на реванш натпреварот помеѓу Челси и Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. Францускиот голгетер доби најлоша оцена за настапот меѓу гостинските фудбалери, а притоа беше заменет 20 минути до крајот на натпреварот.

На негово место шанса доби Чуамени, потег на Карло Анчелоти кој изненади многумина и воопшто не му се допадна на 35-годишниот голгетер. Камерите го фатија лутиот поглед кон искусниот стратег кој пак по крајот на натпреварот се обиде да ја објасни ситуацијата велејќи дека бил заменет поради удар, но камерите го уловија Бензема како вели „Добар сум“.

Актуелниот договор на Карим Бензема со Реал Мадрид завршува на крајот на сезоната, a со оглед на формата на веќе искусниот напаѓач нема да биде изненадување доколку истиот не биде продолжен.

Се вчитува...