Елмин Растодер продолжува со одличната форма и го постигна својот десетти гол сезонава во швајцарската Супер лига. Македонскиот репрезентативец беше стрелец за Тун на гостувањето кај Винтертур, каде лидерот на табелата славеше убедлива победа со 0-3.
Вториот гол за гостите го постигна токму Растодер во 59. минута. Со оваа победа, Тун дојде до 61 бод, дури 14 повеќе од вториот Сент Гален, во пресрет на стартот на плеј-офот.
Титулата се чини сè поблиску за екипата на Растодер, кој е во врвна голгетерска серија и еден од најдобрите стрелци во лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

