Растодер не запира: Нов гол во убедливата победа над Лозана!

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер не запира со головите во дресот на Тун, еден од лидерите на тимот на патот кон шампионската титула во Швајцарија.

Извонредната форма во која игра, Растодер и денеска ја потврди со нов гол во убедливата победа на Тун од 5-1 против Лозана.

Македонскиот напаѓач стрелаше во 86. минута од средбата за 4-1 во тие моменти на својот тим. Ова е деветти гол сезонава за Растодер во швајцарската Суперлига.

Се вчитува...