Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер продолжува со извонредната гол-форма во швајцарската Суперлига сезонава.
Растодер го постигна својот единаесетти гол сезонава, за нова победа на Тун, овој пат од 2-1 против Луцерн на домашен терен.
Македонскиот напаѓач беше стрелец на вториот гол за Тун во 29. минута, за водство од 2-0 на неговиот тим во тие моменти. Растодер го одигра целиот натпревар во нападот на домашниот состав.
Тун е веќе речиси сигурен нов шампион на Швајцарија, со 16 бода предност во однос на второпласираниот Сент Гален.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

