Елмин Растодер не го криеше задоволството откако го одигра и првиот официјален натпревар во дресот на Македонија. Тој влезе во игра во второто полувреме на местото на Трајковски при резултат 3-0 и мина на теренот триесетина минути, а по мечот не ја криеше гордоста што ги брани боите на нашата репрезентација.
„Се беше екстра… мој прв натпревар за репрезентацијата на Македонија, целото семејство ми беше овде на стадионот, чувството беше навистина специјално. Веднаш се гледа дека ова е селекција што поседува квалитет, што игра добар фудбал. Момците се одлични, од првиот ден бев прифатен прекрасно….“, истакна Елмин Растодер веднаш по победата над Лихтенштајн.
Следен предизвик за нашата репрезентација се октомвриските квалификациски средби со Казахстан во Скопје и со Белгија во Гент.
„Како што реков, имаме квалитетен тим што може да игра со секого. Имаме уште еден месец до тие следни натпревари, да се подготвиме за тие две средби. Убавината на фудбалот е токму во тие изненадувања, се може да се случи, сите го знаеме тоа, ќе одиграме најдобро што знаеме, па ќе видиме што ќе нин донесе“, додаде Растодер, кој настапува за швајцарски Тун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

