Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер продолжува со извонредната форма во дресот на Тун.
Растодер постигна нови два погодици во домашната победа на Тун од 4-1 над Јанг Бојс, со која неговиот тим дополнително се зацврсти на врвот од табелата во најсилната лига на Швајцарија.
Македонскиот напаѓач стрелаше во 62. и во 84. минута од средбата, постигнувајќи ги последните два гола за својот тим.
Сеега Растодер има осум погодоци сезонава во дресот на Тун, плус и четири асистенции, со што се проби во Топ 10 на листата на најдобрите стрелци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

