Блокотехна ја забележа и четвртата победа во низа од стартот на сезоната, овојпат изразена со преубедливи 81 поен разлика, откако клубот од Гевгелија вечерва го декласираше Шкупи со преубедливи 128-47.
Гостите од Скопје допатуваа со улога на тотални аутсајдери, а Блоко не покажа милост, од првата минута почнувајќи да го полни нивниот кош. Домаќините одиграа неверојатно во нападот во првата четвртина, во која постигнаа дури 43 поени и стигнаа до 30 поени предност во однос на Шкупи (43-13). Ова му овозможи на тренерот Илиевски да го ротира тимот и поголема минутажа да им даде на играчите кои вообичаено се резерви, но тоа не се одрази на резултатот. Како што одминуваа минутите така се зголемуваше и предноста на Блокотехна, која на крајот го доби натпреварот со преубедливи 128-47.
Дури седум домашни кошаркари го завршија натпреварот со двоцифрен ефект, а најефикасни беа Младеновиќ со 18, Глигоријевиќ со 17 и Цветковски со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА