Дека Кил сезонава е предалку од самиот врв на ракометна Европа доказ е и денешниот натпревар со ПСЖ, на кој поранешниот европски првак беше декласиран од страна на францусиот дрим-тим со неверојатни 42-24. Мечот немаше преголемо резултатско значење, ПСЖ во секој случај ја заврши групната фаза како второпласиран, а Кил на петтото место, но тоа не може да биде никакво алиби за очајното издание на „зебрите“ кои целосно потфрлија на овој натпревар.
Уште од самиот почеток беше јасно кој е кој на теренот во Париз, „светците“ уште по првото полувреме стигнаа до двоцифрена предност од 22-10, на крајот славејќи со огромни 18 гола разлика. Генсхајмер и Карабатиќ постигнаа по седум, а Степанчиќ шест погодоци за францускиот шампион, додека најдобар стрелец на Кил беше Вујин со пет гола.
Бјерингбро Силкеборг славеше над Шафхаузен со 37-32, со што данскиот првак стигна до шестото место кое значи и пласман во осминафиналето, каде ќе ги одмери силите со Пик Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА