Вештачкиот кошаркарски проект Дарушафака финансиран од парите на компанијата „Догуш“ и дефинитивно колабираше откако раководството на оваа моќна компанија обелодени дека во иднина нема да инвестира во оваа екипа, која не ги оправда очекувањата. Дарушафака собра врвни играчи на чело со тренерот Дејвид Блат, но не успеа да стигне до Ф4 во Евролигата, а играше променливо и во домашното првенство.
Во една таква ситуација, раководството на „Догуш“ објави дека во иднина нема да биде главен спонзор на Дарушафака, тоа веднаш беше проследено со веста дека овој клуб нема да добие и специјална покана за учество во Евролигата. Самото тоа придонесе од тренерската функција на крајот од сезонава (по завршувањето на плејофот во Турција) да се повлече и Дејвид Блат, а одврзани раце за нови трансфери ќе добијат речиси сите странски кошаркари. „Јавна тајна“ е дека најдобриот кошаркар на Дарушафака, Бредли Вонамејкер, се наоѓа пред трансфер во Фенербахче, Жижиќ веќе објави дека летово се сели во НБА, а понуди добија и Клибурн, Андерсон…
Дејвид Блат ќе нема проблем да најде нов ангажман со оглед на интересот на Барселона и Макаби за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА