Суперлигашот Струга се соочува со сериозни финансиски проблеми, поради што веќе на самиот старт на сезоната раководството на клубот е принудено на сериозни промени по само едно одиграно коло. Имено, неможноста да се формира сериозен буџет придонесе тимот да се раздели од странските ракометари, а нема да може да биде комплетиран ниту најавениот трансфер на Јован Талески.
Кризата придонесе стружани експресно да мораат да бараат и нов тренер, откако беше донесена одлука за разделба од тренерот Илија Темелковски. Прв човек на овој ракометен проект е поранешниот македонски репрезентативец Наумче Мојсовски, кој сепак не успева да го крене на нозе клубот онака како што посакуваше.
Стружани во првото коло ремизираа на гостувањето против Работнички, а во втората рунда ќе го пречека Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА