Сер Џим Ратклиф по откупат на 27,7% од вкупниот број на акции во Манчестер Јунајтед го очекува тешка задача во обидот да го врати најтрофејниот клуб на врвот на англискиот фудбал.
„Црвените ѓаволи“ се далеку од посакуваните резултати на теренот, па претстои ремонт во играчкиот кадар, но Ратклиф размислува и подолгорочно, за развој на инфраструктурата на гигантот од Манчестер Првичната идеја му беше да вложи 250 милиони евра во реновирање на „Олд Трафорд“, но веќе стана јасно дека овој проект многу потешко ќе биде реализиран поради бројните дозволи што ќе мора да се добијат.
Во една таква ситуација, Ратклиф сега е подготвен за изградба на нов супермодерен стадион што потоа со децении ќе биде дом на Јунајтед. Проектот би бил многу сличен на оној на „Вембли“, неговата изградба се очекува да ја надмине сумата од две милијарди фунти, но британскиот милијардер не крие дека за такво нешто би му била неопходна и помош од Владата на Велика Британија.
„Северниот дел од државата заслужува на него да се гледа на ист начин како југот. Потребни се инвестиции и помош, „Олд Трафорд“ е изморен и му треба реновирање. Постои и друг начин, наместо да реновираме да ги следиме примерите на Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити кои изградија нови арени и служат како пример за модерни стадиони во кои навивачите се задржуваат подолго време на деновите на натпреварите“, изјави Ратклиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА