Првата сезона во историјата на клубот како второлигаш, ФК Детонит од Радовиш ќе ја дочека со нов тренер на клупата во името на искусниот Ратко Јанушев.
Во желбата за што подобра подготовка на тимот за дебитантската второлигашка сезона Јанушев, кој е поранешен тренер на Беласица, Хоризонт Турново и бројни домашни прволигашки екипи, сега доаѓа на чело на радовишкиот тим.
Интересно, Радовиш во следната сезона ќе биде единствениот град во Втората лига – Исток кој ќе има два клуба. Покрај Детонит во второлигашката конкуренција од минатата сезона е и ФК Плачковица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА