Раул Алонсо: Секогаш е тешко да се игра во Охрид

Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер утре го чека тежок дуел со Охрид во 2. коло од плеј-офот во Суперлигата.

Тренерот на битолчани Раул Алонсо говореше и за дуелот со Охрид, но и за неговите очекување во плеј-офот во кој Е. Пелистер има задача да ја одбрани титулата од минатата сезона.

„Се подготвуваме натпревар по натпревар, знаејќи дека сме во добра позиција. Во октомври и ноември бевме во сосема поинаква позиција, но стигнавме до првото место и имаме бод предност. Но, тоа не значи ништо. Може да не ни биде предност и мора да бидеме претпазливи и да ја браниме првата позиција секоја недела. Видовме пред неколку дена против Тиквеш беше тешко да се победи, бидејќи нашиот ривал силно се бореше. По полниот со натпревари февруари и нешто помирен март, сега сме пак во натпреварувачки ритам. Имаме големи очекувања, но ништо не сме освоиле. Имаме еден бод предност, но и уште девет натпревари и ќе биде тешко уште в недела во Охрид. Оваа екипа покажа пред седум недели дека се одличен тим, имаат супер-атмосфера во салата во Охрид, прават голем притисок и ова е еден од тимовите кои секогаш можат да победат против најдобрите. Го знаеме нивниот квалитет, ќе биде тешко, но знаеме и дека поседуваме квалитет. Сигурни сме во одбраната и имаме уште малку време да го подготвиме натпреварот. Секогаш сум среќен кога нашите навивачи нè бодрат насекаде. Откако сум во Битола ја чувствувам нивната поддршка, потребни ни се и нека продолжат така до крајот на сезоната“, изјави Раул Алонсо. 

Се вчитува...