Селекторот Раул Гонзалес денеска го објави поширокиот список од 28 ракометари на чии услуги ќе смета на почетокот од новиот квалификациски циклус, овојпат за ЕП 2020. Македонија на 25 октомври во Битола ќе ја пречека селекцијата на Турција, три дена подоцна следи гостувањето против репрезентацијата на Грција, а Гонзалес за овие натпревари ќе смета на најдобрите ракометари во нашата земја.
Списокот е предводен од капитенот Кире Лазаров, а на него се наоѓаат и останатите играчи кои со години наназад беа стандардни во националниот тим, но и дел од помладите ракометари кои минатото лето настапуваа за младинската репрезентација.
За очекување е во следните неколку дена Гонзалес да го објави и скратениот список од ракометари на чии услуги ќе смета од првиот ден на подготовките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА