Раул: Германија ќе игра најмалку полуфинале, но ние нема да се предадеме

ЕКИПА на ЕП во Хрватска, 

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

 

Македонскиот селектор Раул Гонзалес гледа на Германија како на еден од главните фаворити за титулата, но и најавува дека нашите ракометари ќе сторат се што можат за да го земат скалпот и на актуелниот европски првак.

Пред се сакам да им честитам на моите играчи што играа со срце и заслужено стигнаа до овие две победи. Вчерашниот натпревар беше многу, многу тежок, знам дека сите очекувавте да биде лесно, но против себе имавме квалитетен тим. Мое мислење е дека Германија ќе игра најмалку полуфинале, тоа е исклучително силен тим, ние треба да веруваме во себе. Ќе биде многу тешко, но ќе сториме се за да дојдеме до позитивен резултат“ – изјави Раул Гонзалес.

Добра вест за селекторот е што Филип Миркуловски ги надмина проблемите и сигурно ќе настапи на утрешниот дуел.

„Миркуловски е супер, очекувам да игра со Германија“ – краток е македонскиот селектор.

Се вчитува...