Раул го презема Б-тимот на Реал Мадрид

Легендарниот фудбалер Раул Гонзалес е именуван за нов тренер на вториот тим на Реал Мадрид – Кастилја. Раул е рекордер во дресот на кралскиот клуб со 741 настап, а воедно е и втор стрелец во историјата на тимот со 323 гола. Во шеснаесет години поминати на „Сантијаго Бернабе“, Раул освои шест титули во Ла лига и три во Лигата на шампионите.

Поранешниот соиграч на Раул, Зинедин Зидан ја водеше Кастилја пред да го преземе првиот тим на Реал Мадрид, а младиот тим го водеа и Сантијаго Солари, Хулиен Лопетеги, Висенте дел Боске и Рафаел Бенитез, кои исто така седнаа на клупата на шпанскиот гигант.

Кастилја сезонава не успеа да се пласира во Сегунда, па главна цел на Раул ќе биде да го врати тимот во Втората шпанска лига.

Се вчитува...