Раул го „украде“ Абутовиќ од Е.Пелистер и го донесе во Партизан

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Партизан, на чија клупа ќе седи екс тренерот на Вардар, Раул Гонзалез. Според информациите од Србија, договорени се сите детали, и Абутови од сезоната 2026/27 ќе го носи „црно-белиот“ дрес на  тимот од Белград.

Раул го донесе Абутовиќ во Вардар, кој го носеше дресот на „црвено-црните“ цели седум сезони, односно од 2011 до 2018 година. Потоа играше за Рајн Некар Левен, па играше во Франција, за во 2024 година одново да се врати во Македонија, овојпат во дресот на битолски Е.Пелистер.

Абутовиќ треба да биде големо засилување за одбраната на Партизан. Тој се прости од играње за Србија во 2024 година после 55 натпревари во кои постигна 22 гола.

Абутовиќ веќе играше за Партизан од 2007 до 2010 година, и после 16 години се враќа во овој клуб.

Се вчитува...