Европскиот ракометен првак Вардар е фокусиран на обврските во СЕХА – лигата, а по двете победи на стартот, в петок го очекува дуел со Брест во „СЦ „Јане Сандански“. Тренерот Раул Гонзалес очекува и трета победа, но вели дека новата одбрана на противникот може да им создаде одредени проблеми.
„Брест во оваа сезона ја промени одбраната и игра 5-1 или 6-0. Ние немаме играно оваа сезона против 5-1, но ќе се подготвиме. Целта е јасна, сакаме и трета победа, а на крајот повторно да играме на фајналфор од ова натпреварување“, изјави тренерот Раул Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА