Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес би можел наскоро да има нов тренерски ангажман.
Раул, кој во моментов го води вториот тим на Реал, е желба на германски Шалке 04 кој стартуваше лошо во Втората Бундеслига, поради што Керел Герец доби отказ на клупата.
Прв на листата кандидати за нов тренер е Раул Гонзалес, кој во својата играчка кариера две сезони настапуваше за германскиот тим. Челниците на Шалке 04 веруваат дека со Раул клубот би се вратил во најсилната Бундеслига.
Раул досега не водел ниту еден тим надвор од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА