Селекторот на машката ракометна репрезернтација на Македонија , Раул Гонзалес, го објави поширокиот список на репрезентативците за претстојното СП во Германија и Данска.
Изборот на Раул Гонзалес е комбинација на проверениот стандарден состав дополнето со неколку ракометари од помладата генерација како Mартин Серафимов, Димитар Димитриоски, Марио Танкоски, Милан Лазаревски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски…
Во прелиминарната фаза на СП, Македонија ќе игра во групата Б во Минхен со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.
Македонската репрезентација натпреварите ги почнува на 11 јануари против селекцијата на Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА