Раул Гонзалес: Имаме предност, но не смееме да се опуштиме

Раул Гонзалес има доволно причини да биде задоволен по триумфот на македонската репрезентцаија против Романија со 32-24 во првиот меч од баражот за СП 2019. Шпанскиот стратег на македонската клупа го доби и тоа убедливо првиот дуел против својот сонародник Чави Пасквал на романската страна. Останува да се одигра уште второто полувреме од овој бараж и да се завери пласманот на Македонија на уште еден Мундијал, четврти по ред или вкупно шести за „црвено-жолтите“.

По триумфот Раул Гонзалес истакна дека е задоволен од играта, но дека ќе мора да се корегираат грешките и Македонија на реваншот да одигра уште посигурно.

Одигравме само едно полувреме од баражот, сигурно ќе биде тешко на реваншот во Клуж. Романија има добар тим и одличен тренер. Имаме победа од осум гола разлика, но ништо уште не е готово. Игравме теѓко на почетокот од натпреварот, но потоа беше полесно откако реализиравме неколку брзи напади. Во второто полувреме игравме подобро, но и тогаш имавме неколку грешки. Не знам дали осум гола предност се доволни за пласман на СП, знам само дека не смееме да се опуштиме и треба да одиграме добро и на вториот натпревар“ – истакна Раул Гонзалес.

Реванш натпреварот од овој бараж двомеч ќе се одигра на 13 јуни во Клуж.

Се вчитува...