ЕКИПА во Кожани,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Роберт Спасовски
Шокантниот пораз од Грција во вториот меч од квалификациите за ЕП 2020 донесе големо разочарување и кај јавноста, но и во македонскиот репрезентативен табор. Дека има проблем да се врзе играта беше видливо и на првиот меч со Турција, но катастрофата дојде три дена подоцна во пресметката со Грција. Првата оценка на селекторот Расул Гонзалес по мечо беше – КАТАСТРОФА!
„Катастрофа, одигравме многу лошо. Не одигравме добро против Турција, не одигравме ниту денеска против Грција.. не функционираше нападот, не функционираше ни одбраната. Почетните 5-1 беа благодарение на Никола Митревски, но играта не беше добра ни тогаш. Сите и играчите и новинарите мислеа со колку разлика ќе ја победиме Турција и Грција, но мора да имаме почит, да бидеме свесни дека противнјиците се добри , да играме тимски“ – истакна Раул Гонзалес по поразот од Грција, која само за поитсетување пред три дена од Исланд загуби со 14 гола разлика.
За селекторот на македонската репрезентација загрижувачка е играта, но уште повеќе формата и ограниченоста во изборот.
„Не знам кој би можел да дојде друг, тука се најдобрите. Миркуловски е многу важен за нас, знае да игра, но ако не е тука мора да играме без него. Лошо беше се. Не знам што ќе биде , има три месеци до Светското превнство во Германија, но во тие месеци ние сме со клубовите, не знам што може да се смени. Тука се најдобрите…“ – вели Раул Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА