Вардар е првиот полуфиналист во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион го елиминира Фленсбург и во голем стил стигна до историскиот прв пласман на Ф4 турнирот во Келн. Вардар дефинитивно, ја игра најдобрата сезона и во четвртото четвртфинале по ред на спектакуларен начин стигна до историскиот прв Ф4 во ЛШ.
„Сега можам само да кажам – КОНЕЧНО, ние сме на Ф4. Горд сум на тимот на играчите, сите што се дел од клубот. Играчите дадоа се од себе цела сезона. Сакам да се заблагодарам и на сите играчи што беа во Вардар претходно, Тоскиќ, Прибак, Чипурин, Брумен… сите што беа овде сите имаат свој придонес. Натпреварот беше тежок, Фленсбург е многу добар противник. Треба се да направиш одлично. Вардар тоа го постигна, добро одигравме во контранапад, во одбрана се функционираше беспрекорно. Сега одиме во кафаната на Столе“, изјави Рул Гонзалес по големиот триумф и пласманот на Ф4 во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА