ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Ги имавме Чесите в џеб…Имавме пет-шест гола разлика, а потоа паднавме. Ја вративме Чешка во игра, им ’подаривме’ и водство, а на крајот Дејан Манасков не искористи и седмерец за израмнување. Втор пораз по ред (24-25) на ЕП, овој боли многу…
Селекторот Раул Гонзалес јасно вели…Пропуштивме голема шанса.
„Нашата шанса беше денеска. За жал ја пропуштивме. Можеби не до полуфинале, ама можевме да играме за петто место. Вечерва игравме добро, во поголем дел од натпреварот, но потоа влеговме во криза во нападот и на крајот загубивме. Имавме шанса и за реми, но ја пропуштивме. Тоа е, ќе дадеме се од себе и против Данска“, изјави селекторот Раул Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА