Раул Гонзалес во мај годинава ја презеде клупата на машката ракометна репрезентација, во незгоден момент успеа за неколку дена да ги склопи коцките и да и помогне на Македонија да избори пласман на ЕП 2018 во Хрватска. И паралелно со тоа речиси во исто време успеа да направи истoриски успех со Вардар освојувајќи ја европската титула во Лигата на шампионите. Што е тајната на успехот на шпанскиот тренер кој по оној шампионски поздрав, заслужено го доби епитетот „ел команданте“.
Гонзалес вели дека тука нема никаква „магична формула“ за успех, туку важна е работата и тимскиот дух.
„Јас не сум „Хари Потер“. Јас сум само тренер, се трудам да помогнам, а многу сум среќен како работевме и како се одвиваа работите. Сега сме многу подобра екипа. Со репрезентација немa многу време за тренинг. На претходниот собир една недела трениравме заедно без натпревари и тоа беше многу важно. За да успееме треба да играме као екипа, како тим, а не како поединци. Па, ќе видиме“ – открива „ел команданте“.
Комплетното новогодишно интервју на Раул Гонзалес за ЕКИПА, ќе биде објавено на 31 декември
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА