Раул Гонзалес: Нема лесни и тешки противници, се зависи од нас

Вардар од лидерската позиција во групата А влегува во вториот дел од натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите. Вардарци утре  (18 ч.) во Норвешка му гостуваат на последнопласираниот Кристијанштад. По фантастичната серија без пораз во првите пет кола, на „црвено-црните“ им е загарантирана фаворитската улога, а целата е победничкиот ритам да се задржи и во ноемвриските мечеви.

На секој натпревар влегуваме мотивирано и се подготвуваме за она што не очекува. Нема лесни и тешки противници, се ќе зависи од нас, како ќе одиграме ние. Кристијанштад е млада екипа која секоја сезона игра се подобро и добива и повеќе искуство од дуелите во Лигата на шампионите. Со овој натпревар почнува серијата од шест мечеви во ноември и сакаме успешно да го завршиме овој месец“ , вели тренерот на Вардар, Раул Гонзалес во изјавата за клупскиот сајт.

На дуелот против Кристијанштад во составот на Вардар ќе ги нема голманот Страхиња Милиќ и пикерот Рожерио Мораеш кои поради повреди не отпатуваа во Шведска.

Се вчитува...