Раул Гонзалес: Одигравме тежок натпревар имавме шанса, но…

Вардар посакуваше одбрана на титулата, но во својот втор настап на Ф4 од Лигата на шампионите во Келн заврши со два порази на последното четврто место. За тренерот Раул Гонзалес ова беше последен меч на клупата на Вардар во Лигата на шампионите и пораз од неговиот иден клуб. Шпанскиот стратег уште еднаш истакна дека е горд на своите играчи иако на овој Ф4 работите не се одвиваа онака како што посакуваа во „црвено-црниот “ табор.

„Одигравме тежок натпревар. Одбраната функционираше добро во првото полувреме. Имавме шанса, но не ја искористивме до крај. Имавме проблеми, но Вардар има многу клвалитетни играчи во составот, јас сум задоволен и не можам да им замерам ништо. Сите сакавме да биде како лани, но не успеавме“ – изјави Раул Гонзалес по поразот од ПСЖ во мечот за 3.место на Ф4.

Се вчитува...