Вардар го победи Нант за втора победа во новата сезона во Лигата на шампионите во која „црвено-црните“ ја бранат шампионската титула. Францускиот тим се покажа како „тврд орев“, но шампионот и овој пат го имаше вистинското решение во вистинскиот момент. Добрата игра во одбраната и Штербик на голот беа главните адути на Вардар силниот француски противник.
„Нант одигра добвар натпревар. Играчите покажаа дека играат добар и брз ракомет. Ние одигравме добро во последните 15 минути од мечот кога одбраната ни беше на ниво. Одбраната функционираше како што треба кога беше најпотребно. Контрата и полуконтрата функционираа добро, а имавме и добра поддршка од Штербик. Нант имаше свои моменти и ни беше навистина тешко да дојдеме до посакуваниот резултат. Задоволен сум што го добивме овој натпревар. Освоивме два бода со четири гола разлика и го остваривме тоа што го посакувавме. Ова беше навистина тешка победа и мора да бидеме задоволни“ – изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА