Раул Гонзалес пред Кил: Во два натпревари се може да се случи

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, е максимално внимателен пред двомечот со Kил во четвртфиналето од Лигата на шампионите за пласман на Ф4 турнирот во Келн. Во првиот натпревар, в недела, Вардар му гостува на Кил во „Шпаркасе Арена“, а реваншот е на 29 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

„Ни претстојат два тешки натпревари, на кои може се да се случи“ – внимателен е шпанскиот тренер на клупата на Вардар.

Македонскиот првак има шанса да биде првиот тим што успеал да ја одбрани титулата во ЛШ, откако е востановен овој формат со Ф4 турнир. „Црвено-црните“ зад себе имаат извонредна сеозна во која имаа само два порази во групанта фаза од ЛШ, од Нант и од Барселона и завршија на првото место во групата што втора година по ред им донесе директен пласман во четвртфиналето. Но, прво треба да се помине Кил, а тоа не е нималку лесна задача.

„Тоа што сме бранители на титулата и што бевме први во групата, не значи дека сме фаворити против Кил. За тимот што е гостин во „Шпаркасе Арена“, тоа ретко е забава. Ние треба да се приспособиме на посебна атмосфера. Среќен сум што треваншот го играме пред нашите навивачи, што е можеби наша предност во овој дуел“ – истакнува шпанскиот бек Жоан Канељас кој во Вардар дојде токму од Кил, а денеска го официјализира и трансферот за следната сезона во унгарскиот ПИК Сегед.

Се вчитува...