Раул Гонзалес: Романците се високи, цврсти и знаат да играат ракомет

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја очекува бараж против Романија за пласман на Светското првенство, а селекторот Раул Гонзалес на првиот собир на националниот тим вели дека противникот не е нималку наивна селекција.

„Романија е квалитетна селекција, со одличен селектор. Големи се, високи, цврсти, силни, и знаат да играат ракомет. Но, јас сакам да видам во каква форма се нашите ракометари во моментот. Тоа е многу поважно. Утре ќе ни се приклучат и Миркуловски и Талески, и ќе имаме доволно време да се подготвиме. Ќе биде тешко, но верувам во квалитетите на оваа селекција“, изјави македонскиот селектор по првата прозивка во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Се вчитува...