Раул Гонзалес трчаше маратон во Барселона… (ФОТО)

Легендарниот шпански фудбалер Раул Гонзалес изненади многумина појавувајќи се на маратонот во Барселона.

Фудбалерот кој беше „кошмар“ за навивачите на Барса, играјќи во дресот на Реал Мадрид, по крајот на кариера одлучи да се тргне од медиумско внимание посветувајќи се на семејството. Но, изминатиов викенд се појави на улиците на Барселона учествувајќи на традиционалната маратонска трка која успеа и да ја заврши.

Раул истрча 21 километар за само час и половина. На маратонот учествуваа повеќе од 19.000 натпреварувачи, а поранешниот фудбалер на кралскиот клуб заврши на 1.027 место.

„Навистина ми се допаѓа оваа трка и оваа патека. Се чувствувам одлично по мојот прв маратон во Барселона. Секако среќен сум што го завршив маратон“ – рече Раул по трката.

 

Се вчитува...