ЕКИПА во Брест, Белорусија
Томас Ѓорѓиевски
Македонскиот шампион Вардар против унгарски Веспрем вечерва од 20 часот во Брест ќе го бара првиот трофеј за себе оваа сезона. Финалето во СЕХА лигата е првата вистинска проверка за „вардарци“ кон предизвиците кои го очекуваат тимот на патот и кон Фајнлфор во Лигата на европските шампиони.
Но, како што вели и тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалез, сега тимот е концентриран единствено на дуелот со Веспрем, и ништо друго. Затоа што ракометарите силно го посакуваат трофејот во регионалното натпреварување.
„Знаеме дека играме против една одлична екипа како Веспрем. Ќе биде многу тежок натпревар за нас, затоа што унгарскиот тим има одлични индивидуалци а ја игра и една од најдобрите одбрани во Европа, 6-0… Но, како и да е, ние носиме огромни мотиви за победа“ – вели тренерот на Вардар, осврнувајќи се и околу тоа што може да го одличи натпреварот.
„Мислам дека сега ќе одлучи само мотивот. Тимот кој повеќе ќе ја посакува победата на терен тој ќе дојде до трофејот. Не сакам да се осврнувам на ефектот на голманите против Загреб, затоа што тоа беше еден натпревар кој е зад нас. Сега не чека сосема друг натпревар и сигурен сум дека голманите ќе одговорат максимално на поставените задачи. Оваа сезона имаме една победа и едно реми со Веспрем, но тоа не значи ништо за вакви натпревари“ – истакнува Раул Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА