Раул Хименез чекаше на гол 336 дена, паузата денеска ја заврши со стил

Вулверхемптон забележа победа од 0-1 на гостувањето против Саутемптон, меч на кој херој на „волците“ беше Раул Хименез. Мексиканецот кој се рехабилитираше по тешката повреда на главата на ланскиот дуел со Арсенал конечно потсети на старите добри времиња, постиггнувајќи го својот прв премиерлигашки гол по пауза од 336 дена.

Голманот Са испрати долга топка од сопствениот шеснаесетник до која прв стигна Хименез, кој потоа маестрално мина двајца противнички дефанзивци пред да го совлада голманот на Саутемптон.

Хименез во 95. минута се најде во уште полесна ситуација да постигне гол, но овојпат домашниот чувар на мрежата го запре неговиот шут.

Се вчитува...