Раул и ПСЖ останаа перфектни, Генсхајмер го реши Фленсбург

ПСЖ остана единствен тим со перфектен ефект во Лигата на шампионите, откако францускиот првак предводен од Раул Гонзалес славеше на домашен терен против Фленсбург со 29-28.

Гостите од Германија имаат за што да жалат бидејќи долго време имаа предност, на одмор заминаа со 12-15, а го контролираа резултатот и во половина од второто полувреме. Сепак, ПСЖ ја надополни негативата, а потоа кога беше најважно Раул имаше и повеќе адути во битката за победата. Фленсбург имаше напад за победа при 28-28, но Омејер одбрани, за на спротивната страна Генсхајмер да го реализира последниот напа на ПСЖ, за огромна радост на францускиот тим.

Генсхајмер беше најефикасен  кај ПСЖ со осум гола, шест постигна Ремили, додека прв стрелец на Фленсбург беше Јепсон со девет погодоци.

Се вчитува...