По средбата со медиумите ракометарите на Вардар денеска го имаа и првиот тренинг пред утрешниот натпревар против Барселона во полуфиналето на Фајлнфор турнирот од Лигата на шампионите.
Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на почетокот се одлучи да им „сервира“ порелаксиран тренинг на ракометарите пред финалната техничко-тактичка подготовка за дуелот со шпанскиот гигант.
Од редовите на македонскиот шампион, како што претходно рекоа, фаворитската улога ја препуштаат на Барселона, но сосема извесно повеќе од максимумот ќе го дадат да ги израдуваат сите свои навивачи и целокупната домашна спортска јавност…
ФОТО: www.rkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА