ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Раул Гонзалес не знае за пораз како селектор на Македонија, па извонредниот Шпанец ја предводеше нашата национална селекција до огромно реми против актуелниот првак Германија.
„И двата тима можеа да го добијат натпреварот, играа интензивна одбрана и технички одлична поткованост. На крајот ремито е реален резултат, ние имаме три бода во Вараждин и не отстапуваме од својата цел, одбрана на златото. Ми се допаѓа карактерот на мојот тим, повеќе сакав да победиме, но немаме време за жалење, имаме два дена за да се подготвиме за следниот натпревар“ – изјави Раул Гонзалес.
Шпанецот изненади со одлуката да го стартува и да го заврши мечот со „седум на шест“, тактичко решение со кое го изненади противникот.
„Мислам дека кога играш против Германија, ако сакаш да победиш мораш да се обидеш буквално со се. Јас го сторив токму тоа, нападот седум на шест во голем дел од мечот функционираше, но овој меч го доби колективот“ – скромен како и секогаш е Шпанецот на нашата клупа.
За крај, тој ја откри и тајната на својот успех како селектор на Македонија.
„Тајната е во тоа што ова е извонредна група на играчи, ракометари на кои им е чест да играат за својата земја и кои секогаш даваат се за репрезентативниот дрес. Работиме напорно од првиот ден, знаеме што сакаме и еве – доаѓа резултат. Јас сакам да кажам дека сум горд што сум селектор на Македонија“ – порача Раул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА