ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Раул Гонзалес не успеа со триумф да дебитира на клупата на Србија откако вечерва по голема борба нашиот северен сосед загуби од Шпанија.
„Ел Команданте“, кој со успех беше селектор на Македонија од 2017 до 2019 година, не крие дека се уште има симпатии кон нашата национална селекција.
„Ќе навивам за Македонија. Има добар и млад тим, мислам дека Кирил Лазаров може да направи многу со оваа репрезентација. Очекувам добри игри“, рече Раул на македонски јазик во „микс-зоната“ во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

