ПСЖ во четвртиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите дојде и до третата победа, триумфирајќи се чини потешко од очекувањата против Е. Пелистер со 31-26.
И стратегот на Французите, поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Раул Гонзалез, признава дека очекувале нешто полесен натпревар иако реално победата воопшто не беше загрозена во ниту еден момент.
„Пелистер ни создаде навистина сериозни проблеми, и во фазата на одбрана и во нападот. Факт е дека пред се ние не одигравме на ниво, затоа што и заморот од тешкиот натпревар против Нант во неделата го направи своето, па малку резервирано го игравме дуелот. Но, Пелистер одигра тимски со силен мотив и тоа мора да признам малку не изненади. Во секој случај најважна е победата затоа што во спортот се паметат само резултатите и бодовите. Сакам да честитам на противникот за играта, и искрено се радувам на нашата следна средба и доаѓањето во Македонија“ – изјави Раул Гонзалес по синоќешниот натпревар во Париз.
ПСЖ во следната рунда натпревари во ЛШ го пречекуваат Алборг а Е. Пелистер гостува на Загреб во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА