Раул Гонзалес имаше причина за задоволство по изданието на својот тим во второто полувреме против Металург, што беше сосема доволно за „вардарци“ да стигнат до десеттата победа во десеттиот меч од СЕХА-лигата.
„Честитки до Металург кој одигра добар натпревар, особено во првото полувреме. Во вториот дел ние бевме многу подобар ривал, пред се поради кондициската подготвеност. Тие беа уморни, немаа сили, а ние знаевме да казниме. Во секој случај, мора да се признае дека Металург одигра добар натпревар против нас“ – изјави Гонзалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА