Србите еуфорично ја прославуваа победата над Германија на дуелот во Хернинг што широко им ги отвори вратите кон следната фаза.
Раул Гонзалес уште еднаш ја потврди својата тактичка генијалност, правејќи ги неопходните корекциии во играта за Србија да се врати од „минус четири“ на полувремето и на крајот да слави со конечни „плус три“. Задоволството во српскиот табор беше огромно, но Раул експресно стави до знаење дека нема да дозволи никаква еуфорија бидејќи пред Србија е клучниот меч – мора да слави над Австрија утре во Хернинг ако сака да се пласира во следната фаза.
„Првиот меч не бевме на посакуваното ниво, имавме доста грешки, но сега се беше многу подобро. Ова можеби не беше најдобрата средба на српската репрезентација, но беше најборбената. Секако дека сме среќни, но не смееме премногу да се радуваме бидејќи не сме се уште во следната фаза. Сите мислат дека ќе ни биде лесно со Австрија, но тоа е силна репрезентација со ракометари кои играат во квалитетни клубови. Затоа мораме да останеме цврсто на земја, да продолжиме да работиме и максимално да го одиграме тој меч ако сакаме да стигнеме до резултатот што го посакуваме“, изјави поранешниот македонски селектор, сега на клупата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

