Раул Нето со изненадувачки трансфер, се врати во татковината

Бразилскиот репрезентативец Раул Нето по 13 години поминати низ шампионатите во САД и Европа се врати назад во татковината потпишувајќи едногодишен договор со Пингеирос. Во договорот сепак постои опција за заминување доколку се појави интересна понуда од НБА или Евролигата.

Сега 32-годишникот професионалната кариера ја започна во 2008 година, а по три сезони се пресели на европско тло настапувајќи во Шпанија за Гипузкоа и Мурсија. Во 2015 година доби шанса во НБА лигата каде настапуваше се до 2023 година за Јута, Филаделфија, Вашингтон и Кливленд.

Во 2023 година потпиша за Фенербахче, но не настапи на ниту еден натпревар за истанбулскиот тим поради пукнатина на десното колено.

Се вчитува...