Барселона нема многу среќа оваа година, и постојат сите шанси повторно да излезе на пазарот во потрага по плејмејкер, бидејќи Раул Нето повеќе не е дел од тимот.
По тешката повреда на Лапровитола, еден од најважните играчи на тимот, на крајот на октомври, Барса проба да најде замена во името на Раул Нето.
Сепак, Бразилецот веднаш се повреди, па беше постигнат договор за меѓусебен прекин на соработката.
Во меѓувреме шанса доби 20-годишниот Хуан Нуњез, кој солидно ја користи, но јасно е дека на Каталонците им е потребен уште еден плејмејкер кој би му пружил поголема поддршка на Томаш Саторански.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА