Раул пресече: Даскалоски и Лазаревски на трибини

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Македонскиот селектор Раул Гонзалес донесе конечна одлука околу составот на Македонија за премиерниот дуел од СП 2019, избирајќи ги 16-те ракометари кои вечерва ќе истрчаат на терен на дуелот со Јапонија.

Голманот Златко Даскалоски и пивотот Милан Лазаревски се играчите кои отпаднаа од 18-те патници за Минхен, па денешниот натпревар ќе го следат од трибините на Олимписката арена во германската метропола.

За очекување беше во составот да се најдат двајца голмани, па Гонзалес им даде предност на Борко Ристовски и на Никола Митревски пред Даскалоски. Лазаревски влезе на списокот буквално во „пет до дванаесет“, на местото на повредениот Димитриевски, но пивотот на Металург сепак ќе почека за своето мундијалско деби.

СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА

Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Кире Лазаров, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Горан Крстевски, Филип Чурлевски, Марио Танкоски.

Се вчитува...