Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, ќе се врати во клубот по завршувањето на сезоната и ќе добие раководна улога, како ‘десна рака’ на претседателот Флорентино Перез. Тој во моментот е амбасадор на шпанскиот фудбалски шампионат Примера дивизион, а доби понуда да се врати во „кралскиот клуб“ и да добие раководна улога.
Раул Гонзалес беше член на Реал Мадрид од 1994 до 2010 година, по што замина од „Сантијаго Бернабеу“, сакајќи да ја продолжи својата активна фудбалска кариера. Сега треба да се врати во клубот со раководна улога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА